Гвардиола: Уфф… остарев десет години за меч од 90 минути фудбал

Манчестер сити е на чекор до полуфинале во Лигата на шампионите откако синоќа во првиот четвртфинален меч на домашен терен славеше над Баерн Миннхен со 3-0.

Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола по мечот изјави дека ова е одличен резултат за неговиот тим, но дека не смеат да го отпишат Баерн Минхен.

„Уффф… што да кажам, ова беше емотивно исцрпувачки дуел за мене. Остарев десет години за меч од 90 минути фудбал. Ова беше одличен меч на два фантастични клуба во кој 50-60 минути гледавме многу неизвесен дуел, многу тесен меч. Сјајно тргнавме со гол на Родри, ама многу проблеми ни правеа Гнабри и Мусиала, а во првите 10-15 минути од вториот дел баерн беше и подобар. Потоа воспоставивме контрола и доминиравме во завршницата. Имаме неверојатен резултат, но ништо не е готово. Добро знаеме сите што значи да се игра во Минхен. Знаеме Баерн каков квалитет има и ќе се спремиме за реваншот. Јас две години живеев во Минхен и го знам менталитетот и квалитетот кој го имаат“, рече Гвардиола.

Се вчитува...