Гвардиола ја „краде“ главната трансферна цел на Јунајтед

Пеп Гвардиола ќе се обиде да го „украде“ талентот на Астон Вила, Џек Грилиш, за кој е заинтересиран градскиот ривал Јунајтед, пренесуваат британските медиуми. Клубот од Бирмингем е пред враќање во Чемпионшип и поради тоа младата англиска ѕвезда и повеќе од сигурно ќе го напушти клубот бидејќи сака да игра во Премиер-лигата.

Иако Јунајтед беше главен фаворит за неговиот потпис, сепак во моментов во пол-позиција влегуваат „граѓаните“, бидејќи како што пренесуваат англиските медиуми „ѕвездата“ на Астон Вила би сакала да се пресели на „Итихад“.

Грилиш би претставувал наследник на Лирој Сане, кој дефинитивно си заминува од Сити и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Баерн Минхен.

Се вчитува...