Гвардиола: Јас не би навивал за овој тим на Сити

Манчестер сити иако заигра подобро пред репрезентативната пауза, по неа доживеа два порази по еден во Премиерлигата и Лигата на шампионите.

Граѓаните заостануваат зад Арсенал во трката за титулата во англискиот шампионат, па голема е шансата и втора година по ред да останат без трофејот што ќе биде првпат во ерата на Сити.

Искусниот тренер вели дека и тој самиот во овој момент не би навивал за Сити.

“Како навивач, не би го поддржувал мојот тим ако игра како што игравме ние. Не се обидовме, а во фудбалот кога играш – мора да се обидеш. Имам теорија дека треба да ги ротирате играчите, можеби е неодржливо, но имав многу доверба во нив. Сè уште ја имам. Исто така, имам многу почит. Можеби мислам повеќе за нив отколку што тие мислат за себе. Тоа беше добра лекција за мене. Колку и да сум искусен како тренер, тоа беше добра лекција за мене и за иднината“, вели Гвардиола.

Се вчитува...