Гвардиола: Ќе не убијат ако не го победиме Монако

Манчестер сити вечерва на „Етихад“ го пречекува Монако во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите.

Избраниците на Пеп Гвардиола на домашен терен го играат првиот осминафинален меч, од кој навивачите очекуваат победа, квалитетна предност пред реваншот, и пласман потоа во следниот круг натпревари.

„Цела Европа ќе не гледа и анализира, а ако изгубиме ќе не убијат. Не е лесно да се биде овде, само сакам фудбалерите да уживаат во ова натпреварување затоа што Сити долго време не беше тука меѓу европската елита. Многу големи клубови не се во овој круг од ЛШ, и тоа е уште еден доказ за нашиот квалитет“ – вели Гвардиола, признавајќи дека ова сега му е најголемиот предизвик во досегашната тренерска кариера.

„Уживам во ова што го работам и предизвикот кој е пред мене. На сите ни е желба да стигнеме до трофејот во ЛШ, но тоа не може да се случи преку ноќ. Одиме натпревар по натпревар, па ќе видиме како ќе биде на крајот од сезоната“ – вели Пеп Гвардиола.

Се вчитува...