Пеп Гвардиола викендов ќе стави крај на успешната ера како предвдодник на Манчестер Сити откако беше објавено дека трофејниот стратег ќе се повлече од функцијата една година пред истекот на договорот што го има со овој англиски гигант.
Повеќе од јасно е дека станува збор за замор од пеколниот ритам и Гвардиола воопшто не размислува за нов тренерски ангажман, па веќе најавил дека најмалку една година нема воопшто да се занимава со оваа работа.
Извори блиски до Пеп тврдат дека тој ќе се обиде да се смири со поранешната сопруга Кристина Сера, купувајќи луксузен имот во непосредна близина на нивната семејна куќа.
Сера беше разочарана кога Гвардиола во 2024 реши да потпише нов договор со Сити, иако според извори блиски до семејството тој и имаше ветено дека ќе си замине од Англија и ќе се врати назад во Барселона. Таа ланската година дефинитивно го напушти заедничкиот дом и се врати во Шпанија, а сега и Гвардиола е подготвен да го стори истото.
Имотот што тој планира да го купи е со вредност од 14 милиони евра, во ексклузивниот кварт Педралбес, во кој Гвардиола веќе има една куќа, онаа што ја остави на сопругата при нивниот лански развод.
Фактот дека ќе купи нова куќа на само стотина метри од поранешната ги зголеми шпекулациите дека тој е подготвен да стори се за да се врати на сопругата со која беше 30 години во брак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
