Манчестер Сити во реваншот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“, патува со негатива од 3-2 по првиот меч на „Етихад“. Иако има шанси за да помине во следната фаза, сепак, Пеп Гвардиола е песимист, и покрај тоа што неговиот тим славеше убедлив триумф од 4-0 во дуелот со Њукасл во Премиерлигата.
Мечот кој се игра во среда против Реал, може да биде пресвртница во сезоната. Меѓутоа, Гвардиола не е охрабрен за тој натпревар, и покрај убедливата победа над Њукасл.
„Во многу натпревари не игравме како што треба и како што посакувавме, и на крајот загубивме. Тоа не влијаеше само на бодовите, туку и на размислувањата за следниот меч. Тоа се случуваше многу пати. Нормално, оваа победа ни помага, но шансите за победа и поминување понатаму на Сантијаго Бернабе од оваа позиција се само 1%. Можеби и помалку. Но, додека имаме шанси ќе се обидеме, тоа е сигурно, меѓутоа оваа сезона сме милји далеку од добри игри. Многу сме лоши и во играта, и во резултатите“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА