Гвардиола: Ливерпул имаше неверојатна сезона, заслужено се шампиони

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја честиташе титулата на Ливерпул во Премиер-лигата, откако и официјално „црвените“ станаа нови шампиони на Англија, по поразот на „граѓаните“ Челси со 2-1.

„Сосема заслужено. Пред две сезони имавме 100 бода и тие беа на 25 негатива од нас. Минатата беа близу, а оваа успеаја да направат недостижна разлика. Нивната титула не е случајна. Требаше да поминат три, четири сезони. Клоп одлично го составуваше тимот, за да стигне до ова. Беа гладни за трофејот“, изјави Гвардиола. 

Пеп Гвардиола само трет пат во кариерата го губи домашниот шампионат. Претходно, тоа му се случи против Мурињо кога беше на челото на Барселона и против Конте во првата сезона во Манчестер Сити.

Се вчитува...