Гвардиола: Мора да постигнуваме повеќе голови

Манчестер сити се врати на првото место на табелата во Премиер лигата, по победата над Кардиф, а Пеп Гвардиола не е задоволен бидејќи неговиот тим мора да дава повеќе голови.

„Одигравме добро. Почнавме со прекрасниот погодок на Де Брујн. За жал промашивме многу добри шанси, мораме да постигнуваме повеќе голови“, изјави Гвардиола. 

Тој се насочи и кон играта на младиот Фил Фолден, кој според Гвардиола е еден од најдобрите млади англиски фудбалери.

„Тој играше одлично. Беше во вистинско време на вистинско место. Има чувство за гол. Подготвен е и ние тоа го знаеме. Може да игра на секоја позиција. Неверојатен е на тренинзите“, додаде Гвардиола. 

Сити викендов ги очекува полуфиналниот меч во ФА купот против Брајтон, а потоа следува и првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Тотенхем.

Се вчитува...