Манчестер Сити Божиќниот спектакл во Премиерлигата го дочекува од првата позиција на табелата со три бода предност во однос на второпласираниот Ливерпул. „Граѓаните“ кои ги надминаа малите проблеми од почетокот на сезоната блескаат во продолжението и се во серија од осум победи едно по друго во англиското првенство.
Составот на Пеп Гвардола во пресрет на сезоната остана без Кун Агуеро, стандардниот напаѓач кој помина десет години на „Етихад“, а големата трансфер желба наречена Хари Кејн не се оствари ова лето. Сепак во редовите на „граѓаните“ наскоро ќе пристигне нов напаѓач, а тоа го најави шпанскиот стратег пред натпреварот со Лестер.
„Сакавме да доведеме напаѓач ова лето како замена за Кун, но тоа не се оствари. Мораме да реализираме таков трансфер за комплетен тим и сигурен сум дека порано или подоцна тоа ќе се оствари. Еден ден ќе имаме нов напаѓач“, изјави Гвардиола.
Англиските медиуми најавуваат дека сепак тоа нема да се случи оваа зима и целиот фокус ќе биде ставен на летниот трансфер рок. Дали тоа ќе биде Хари Кејн или пак Ерлинг Халанд останува да видиме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА