Гвардиола: Најголема желба ми е Меси да ја заврши кариерата во Барселона

Сагата околу заминувањето на Меси од Барселона никако да заврши. Се поголеми се шпекулациите дека тој ќе премине во Манчестер Сити кај својот пријател Пеп Гвардиола. Сепак, менаџерот на „граѓаните“ вели дека негова најголема желба е најдобриот фудбалер на сите времиња кариерата да ја заврши во Барселона.

„Меси е фудбалер на Барселона. Тоа го имам кажано милион пати. Како навивач на Барса најголема желба ми е тој кариерата да ја заврши на „Камп ноу“, изјави Гвардиола. 

Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната, па се уште не се знае дали тој ќе остане во клубот, а веројатно се ќе биде познато по изборот на новиот претседател на клубот.

Се вчитува...