Гвардиола поради приватни причини ја пропушти прес-конференцијата пред мечот со Кристал Палас

Манчестер сити ќе биде домаќин на Кристал Палас во недела (15.00 часот), а Пеп Гвардиола не беше на прес-конференцијата пред овој меч. Како што потврди Манчестер Сити, Гвардиола не беше дел од прес-конференцијата од „лични причини“.

Како што изјави клубот, отсуството на Гвардиола денеска на никаков начин не влијае на подготовките и на самиот натпревар, кој „граѓаните“ го очекуваат во недела. На официјалната прес-конференција го замени неговиот помошник Коло Туре.

Сити е само два бода зад лидерот Арсенал пред 16. коло од Премиерлигата.

Се вчитува...