Гвардиола разочаран: Ќе бидеме неколку седмици без Фернандињо и без Лапорт

Манчестер Сити го одбрани трофејот во Карабао куп, но тимот во наредните неколку седмици ќе биде десеткуван. Менаџерот Пеп Гвардиола е разочаран што „граѓаните“ мораа да дадат голема „жртва“ за да го освојат пехарот во Лига купот на Англија. Се повредија Фернандињо и Ејмерик Лапорт.

„Го плаќаме данокот на учество во четири натпреварувања. Ќе бидеме без Фернандињо и без Лапорт неколку седмици. Триумфот во Лига купот е добар за мотивација за следните мечеви. Но, ќе имаме големи проблеми со повредите“, изјави Гвардиола.

Централниот дефанзивец Џон Стоунс и левиот бек Бенјамин Менди подолг период се надвор од конкуренција поради повреди, а на реванш мечот против Шалке во осминафиналето на ЛШ нема да настапи и Николас Отаменди поради суспензија.

Се вчитува...