Гвардиола: Резултатите во ЛШ ќе одлучат дали сум направил добра работа во Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола верува дека учинокот на неговиот клуб во Лигата на шампионите, ќе одлучи за тоа дали неговата работа била успешна. Шпанскиот стратег со Барселона два пати го освојуваше „елитното“ натпреварување, но со Баерн Минхен не успеа да стигне ниту до финалето.

„Во Минхен пресуден беше учинокот во Лигата на шампионите. Верувам дека на ист начин ќе ме оценат и тука. Многумина мислат дека со Баерн немав успех. Бевме во полуфиналето, но очигледно е проблем што не стигнавме до самиот крај. Моите цели се високи и ќе направам се што можам за да ги остварам“, рече Гвардиола. 

Сити во моментов е прв во Премиер-лигата, а во Лигата на шампионите во четвртфиналето ќе се сретне со Тотенхем.

Се вчитува...