Гвардиола: Санчо не се враќа во Сити, сакаше да замине, зошто да го молам да се врати?

Менаџерот на Манчестер Сити потврди дека Џејдон Санчо сигурно нема да се врати во клубот. Младиот Англичанец беше дел од младинските школи на „граѓаните“, а тимот од „Етихад“ го напушти во 2017 година.

„Не не не. Тој одлучи да замине. Зошто би го враќал назад? Ние сакавме тој да остане, како што направија Ерик Гарсија и Фил Фоуден, но тој се реши да направи потег како Сане сезонава. Сакаше да замине во Дортмунд, нема поента сега да се врати“, изјави Санчо. 

Градскиот ривал Манчестер Јунајтед е главен фаворит за потпис на англискиот репрезентативец. Санчо во Дортмунд е од 2017 година. Досега за германскиот гигант запиша 78 настапи на кои постигна 30 гола.

Се вчитува...