Гвардиола се плаши од „убиственото“ трио на Ливерпул: Тие се незапирливи

Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола истакна која е најголемата закана на неговата екипа, во пресрет на првиот дуел меѓу Ливерпул и Манчестер сити од четвртфиналето во Лигата на шампиони. Мане, Салах и Фирмино се играчите кои се речиси незапирливи, вели Гвардиола присетувајќи се на нивното последно гостување на „Енфилд“ каде Сити го претрпе првиот пораз (4-3) сезонава во Премиер – лигата.

„Мане, Фирмино и Салах ќе ни правам многу проблеми, тие се речиси незапирливи. Сите тројца се фантастични играчи, исклучително брзи. Видовме на последното наше гостување на „Енфилд“ колку проблеми можат да направат. Ова е чевртфинале во ЛШ, секако дека не може да биде лесно, но со Ливерпул треба да играме 180 минути, а не само еден натпревар. Затоа ние ќе се потрудиме да оствариме што подобар резултат кој може да ни ја олесни работата во реваншот“, истакна Гвардиола.

Се вчитува...