Гвардиола: Сити нема пари, кризата го фати и нашиот тим

Манчестер Сити веројатно нема да биде активен во јануарскиот преоден рок поради економските последици што ги остави пандемијата на коронавирусиoт, изјави менаџерот Пеп Гвардиола. Серхио Агуеро е повреден и неговото отсуство остава огромна трага врз игрите на „граѓаните“, особено ако се знае дека Габриел Хесус се покажува како недостојна замена за Аргентинецот.

Сити постигна 19 гола на 13 одиграни натпревари во Премиер лигата, прескромен ефект за тимот што беше вистинска напаст за противничките голмани, па новинарите се интересираа дали Гвардиола планира да донесе нов напаѓач во претстојниот преоден рок.

„Не, не мислам така затоа што економската состојба во светот е таква каква што е … Сите клубови имаат финансиски проблеми. Ние не сме исклучок “, рече Пеп, кој минатото лето повторно инвестираше богатство во нови дефанзивци.

Сити моментално е седми на табелата во Премиер лигата, со осум бода и натпревар помалку од лидерот на Ливерпул.

Се вчитува...