Поранешниот европски шампион и англиски гигант Манчестер сити ја потврди информацијата која што веќе беше позната неколку дена дека завршува ерата на Пеп Гвардиола на чело на клубот од „Етихад“.
Шпанецот со емотивна порака се збогува со клубот во кој помина најмногу време во својата тренерска кариера…
„Кога пристигнав, моето прво интервју беше со Ноел Галагер. Си заминав мислејќи: „Добро… Ноел е тука? Ќе биде забавно. Какво време поминавме заедно. Не ме прашувајте за причините зошто си одам. Нема причина, но длабоко во себе знам дека ова е мое време. Ништо не е вечно, ако беше, ќе бев тука. Засекогаш ќе ги носам во себе луѓето, спомените, љубовта што ја имам кон мојот Манчестер Сити. Ова е град изграден со работа. Од темел. Можете да го видите тоа по бојата на тулите. Фабриките. Музиката. Мислам дека го промени светот. Ги правевме работите на наш начин. Беше се така е*бено добро“, напиша Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
