Манчестер Сити во финалето на ФА Купот ќе се сретне против Челси на Вембли во сабота во 16 часот, а на денот пред финалето, прес-конференцијата ја одржа тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
И покрај стресниот период каде што Манчестер Сити се уште се бори за титулата во Премиерлигата и е на дофат од освојување на својот втор Куп (по Лига купот) оваа година, Гвардиола беше во добро расположение.
„Разочаран сум од англискиот фудбал што немаат трибина наречена „Пеп“. Бев на Вембли толку многу пати што заслужувам барем еден дел од трибина да се вика по мен. Можеби ќе треба да одам уште 24 пати за да го добијам тоа“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
