Гвардиола: Убави сме за гледање, но нема да станеме европски шампиони

Манчестер Сити триумфираше со 2-3 на гостувањето против Шалке и веќе во првиот меч си го обебеди местото меѓу најдобрите осум клубови во Европа за сезонава. Сепак, Пеп Гвардиола не беше целосно задоволен од изданието на својот тим, порачувајќи им на фудбалери дека грешките направени во Гелзенкирхен се знак зошто „граѓаните“ се уште не се зрели за да ја освојат круната во ЛШ.

„Дадовме три гола на гостински терен и победивме во осминафиналето од Лигата на шампионите, не може да се биде незадоволен. Сепак, има работи што ме загрижуваат, не може да ни се случи по одличен старт и целосна контрола да примиме два гола од пенал, а потоа да добиеме и црвен картон. Такви работи скапо се плаќаат во натамошната фаза од натпреварувањето и самиот факт дека ни се случуваат во осминафиналето е знак дека не сме доволно зрели за да стигнеме до титулата. Убави сме за гледање, но за трофејот во ЛШ треба нешто повеќе“ – истакна Гвардиола.

Стратегот на Сити даде поддршка и на воведувањето на ВАР-технологијата, иако првиот од двата пенали против неговиот не беше забележан од главниот судија, кој ја смени одлуката по прегледувањето на снимката од ВАР-арбитрите.

„Јас сум голем фан на ВАР, бидејќи се носат вистинските одлуки. И двата пенали против нас беа постоечки, нема за што да се жалиме. ВАР е вистинска работа за фудбалот“ – порача Пеп Гвардиола.

Се вчитува...