Манчестер сити ја изгуби секоја шанса да му се закани на Арсенал за титулата во Премиерлигата со ремито кај Борнмут. Тренерот на тимот од „Етихад“, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата, сепак, посвети добар дел на веста дека го напушта тимот на крајот од сезоната.
Дефинитивно, во предиграта на судирот помеѓу Борнмут и Манчестер Сити, најавата на англиските медиуми дека Пеп Гвардиола го напушта тимот со кој освои 20 трофеи беше пожешка тема од фактот дека во тој натпревар Арсенал можеше да стане шампион за прв пат по 22 години.
„Можам само да кажам дека се уште имам уште една година од договорот, а од мое искуство, кога нешто такво се најавува во текот на сезоната, тоа носи лош резултат. И би сакал да разберете, првата личност со која ќе разговарам е мојот претседател, бидејќи решивме да седнеме и да разговараме откако ќе заврши сезоната. Едноставно е и само тогаш ќе имаме одлука. Сигурно нема да ви ја кажам мојата одлука тука, пред да разговарам со претседателот, играчите, персоналот“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
