Гвардиола заборави на Нолито

Нолито беше еден од првите фудбалери што Пеп Гвардиола ги донесе во Манчестер сити минатото лето, па затоа изненадувачки е третманот што шпанскиот репрезентативец го има кај својот сонародник. Имено, Нолито во оваа 2017 година одигр само 39 минути во дресот на „граѓаните“, па јасно е зошто екс-фудбалерот на Селта е незадоволен од незабележителната улога што ја има во својот тим.

Секако дека сакам да играм многу почесто. Од декември речиси и да не сум во тимот, ќе видиме што ќе се случува во следниот период. Уште кога дојдов во Сити знаев дека нема да играм на сите натпревари, јасно ми е дека останатите крилни играчи се наоѓаат во одлична форма, но сепак ситуацијата во која се наоѓам е далеку од она што го очекував“ – изјави Нолито за шпанските медиуми.

Валенсија е сериозно заинтересирана за да го доведе овој фудбалер во своите редови, понуда би можела да испрати и Барселона, но ниту каталонскиот гигант не може да му гарантира првотимски статус на шпанскиот репрезентативец. Како можна дестинација за Нолито се споменува и Милано, каде и Интер и Милан најавуваат значителни промени во својот играчки кадар за следната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...