Гвардиола знае како би го елиминирал Ливерпул: Мораме да одиграме совршен меч

Манчестер сити е на прагот на титулата во Премиер – лигата, но е на големи маки во Лигата на шампионите. Има огромна негатива (0-3) по првиот меч на „Енфилд роуд“ против Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, менаџерот Пеп Гвардиола се надева дека дури и оваа негатива може да биде надоместена.

„Мораме да одиграме совршен меч за да поминеме во следната рунда. Нема тука големи тајни, три гола не се надоместуваат така лесно. Не очекувам дека ќе биде нападнат автобусот на Ливерпул, тоа никогаш не се случило пред „Етихад“. Утре полицијата точно ќе знае што да направи“, изјави Пеп Гвардиола, алудирајќи дека „граѓаните“ немаа убав прием при пристигнувањето на првиот меч на гости кај Ливерпул.

Се вчитува...