Хабиб одби 15 милиони долари за нова борба со Мекгрегор

УФЦ се уште ги нема изречено казните за Хабиб Нурмагомедов и за Конор Мекгрегор за хаосот што се случи по нивната борба во Лас Вегас, а веќе се стартувани преговори за нова пресметка меѓу овие двајца борци од УФЦ шампионатот.

Големиот инцидент по борбата, кога Нурмагомедов ја прескокна оградата и тргна да се тепа со пријатели на Конор во публиката, вртоглаво го крена публицитетот, па сега скокнаа и побарувањата на самите борци за да се согласат за нов меѓусебен дуел во октагонот. Доказ за тоа е последното одбивање на Хабиб на сума од 15 милиони долари за да го одбрани шампионскиот појас од Мекгрегор.

„Ни понудија 15 милиони, тоа не е тајна. Исто како што не е тајна дека ние бараме 30. Мојот син е шампион, сите сакаат да се борат со него, Тони Фергусон заслужува битка. Ако јавноста бара нов дуел со Мекгрегор, нека се најдат 30 милиони долари за да ни се платат“ – истакна таткото на Хабиб.

Се вчитува...