Хачанов како Медведев – Го тргна руското знаме, па навлече гнев од сонародниците

Рускиот тенисер Карен Хачанов тргна по стапките на својот сонародник првиот светски рекет Данил Медведев и го тргна знамето на Русија од социјалните мрежи, по што навлече голем гнев од своите сонародници.

Русите се лути поради оваа одлука на Хачанов кој како и Медведев вчера доби голем број на закани од фановите на социјалните мрежи. Сепак, руските тенисери мораа ова да го направат поради големиот притисок што го имаат откако Русија беше суспендирана буквално од сите спортски федерации во светот.

 

Се вчитува...