Хаџиевски: Не е доцна за спас на Вардар, ги повикуваме институциите само да го препознаат овој труд кој се вложува за клубот

Најтрофејниот македонски клуб се соочува со повеќе од тешка сезона пред себе во битката за опстанок во прволигашкото друштво во кое се врати по двегодишна пауза.

Апсолутно е јасно дека финансиската неизвесност во која се наоѓа клубот, а темелот на кој се „потпира“ и непосакуваниот резултатски старт на сезоната, но од спортскиот дел на Вардар нагласуваат дека ништо не е загубена фудбалски оваа сезона во која има уште многу да се игра.

Спортскиот директор Ѓоко Хаџиевски е сигурно дека за Вардар ќе има фудбалски спас, и во спортскиот но и во финансискиот дел, за кој се борат од актуелното раководство предводено од „Комитите“.

„Воопшто не е доцна за фудбалски спас на Вардар. Знаеме дека лошо резултатски се почна сезоната, но две победи и шест бода веднаш го носат клубот кон многу помирна ситуација. Тимот има добри играчи, Васоски дојде во текот на првенството без подготовки и без сознанија прецизни за тимот, но тој е тука за да помогне на клубот и нему му е јасно дека не дојде во среден клуб со јасна финансиска состојба. Но, и во такви ограничени можности Васоски одлично го води клубот и ако се погледне дека само детали одлучуваат околу резултатите на мечевите а Вардар од никого не загуби убедливо, јасно е дека овој тим може многу повеќе пред себе. Вардар воопшто од никого не е надигран првенството и тоа е мотивот и за следните предизвици кои не очекуваат“ – вели Хаџиевски, кој и самиот на волонтерска база со желба за помош е во клубот.

Според Хаџиевски, начинот на кој досега „Комитите“ помогнаа да се одржи во живот Вардар, треба да биде повик и поттик за државните институции да се вклучат со своја помош да се надмине целокупната ситуација со најтрофејниот македонски клуб и конечно да се врати на нивото кое го заслужува.

„Сигурен сум дека повеќе од 50% клубови во Македонија, и покрај тоа што имаат сериозни спонзори и сопственици зад себе, доцнат со плати и со останати обврски за играчите. А, погледнете ФК Вардар колку успева да функционира иако воопшто нема сериозен инвеститор зад себе… Може реално да погледнете колку многу е направено овој период за клубот а без никаква силна финансиска основа. Сето тоа покажува дека се може кога се сака, сето тоа покажува колку труд даваат овие луѓе за да се спаси Вардар. Токму затоа искрено ги замолуваме и повикуваме државните институции да го препознаат сето тоа и малку да дадат помош и импулс на сето тоа за да се реши оваа ситуација и Вардар да може да добие сериозен инвеститор и стабилна иднина“ – истакнува Ѓоко Хаџиевски.

Се вчитува...