Хадсон го менува Мелори во Блокотехна

Проблемите со повредите на плејмејкерската позиција го принудија раководството на Блокотехна да ангажира уште едно засилување, откако Мелори се соочи со сериозен проблем со коленото поради кој мораше да биде опериран. Од неколкуте кошаркари кои беа во опција тренерот Марјан Илиевски го избра Џонатан Хадсон, искусен 30-годишен американски плејмејкер кој во текот на утрешниот ден би требало да пристигне во Гевгелија и да му се стави на располагање на стручниот штаб.

Хадсон доаѓа во Блокотехна од канадското првенство, каде го носеше дресот на Лондон лајтнинг. Минатата сезона тој ја мина во Литванија како член на Џукија, а претходно во кариерата има настапувано во литванскиот прволигаш Наглис Паланга, како и во три клуба од пониските италијански лиги.

Американецот ќе ја има улогата на разигрувач во тимот заедно со Младеновиќ. Само за потсетување, пред Мелори повреда на коленото заработи уште еден плејмејкер на Блокотехна, Андреј Цветковски.

Се вчитува...