Хајдук Сплит го промовираше Јани Атанасов како ново засилување

Македонскиот младински репрезентативец Јани Атанасов и официјално е нов член на хрватскиот клуб Хајдук Сплит. Тој потпиша тригодишен договор со сплитските „били“, ќе го носи дресот со број „20“ и треба да претставува голема инвестиција за иднината.

„Го следам првенството на Хрватска, знам каде доаѓам, знам дека Хајдук е голем клуб со огромна историја, знам дека Хајдук има добри навивачи. Кога дојде понудата од Хајдук, разговарав со татко ми и брзо беше донесена одлуката декаќе ја прифатам. Тоа и се случи и еве сум на „Пољуд“, изјави Атанасов на промоцијата во Сплит.

Тој е третиот македонски репрезентативец кој летово му пристапи на Хајдук, по младите вардаров таленти Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ.

 

Се вчитува...