Хајнер: Не потрошивме ништо, а веќе ангажиравме две нови засилувања

Баерн Минхен на драматичен натпревар успеа да ја одбрани титулата во Бунеслигата, а за продолжување на доминацијата и во сезоната 2023/24 веќе започна и со состаување на тимот.

Баварците го ангажираа Конрад Лајмер како слободен играч кој доаѓа по завршување на договорот со Лајпциг, а по стапките на Австриецот се очекува наскоро да тргне и Рафаел Гереро од Борусија Дортмунд за кој претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер вели дека е завршена зделка.

„До сега ништо не потрошивме. Двата трансфери кои ги остварвиме или се пред остварување не не чинеа ништо бидејќи тие доаѓаат како слободни играчи по истекот на договорот“, вели Хајнер.

Гереро беше дел од Борусија Дортмунд од 2016 година запишувајќи 224 настапи. Во Баерн Минхен доаѓа како првотимец зад кој е успешна сезона со шест погодоци и 14 асистенции.

Се вчитува...