Хајнкес првпат загуби со Баерн сезонава…, и тоа во неговиот роден Менхенгладбах

Јуп Хајнкес го доживеа првиот пораз со Баерн Минхен откако го презеде сезонава, и тоа во неговиот роден град Менхенгладбах.

Баварците загубија со 2-1 на гостувањето против Борусија во 13. коло од Бундеслигата. Домашните имаа водство и од 2-0 со головите на Торган Азае во 39. минута од пенал и Гинтер во 44. минута.

Единствено што успеаја фудбалерите на Баерн Минхен е во 74. минута преку Видал да го ублажат поразот.

Баерн Минхен со 29 бода и натаму е на врвот од табелата, но сега со само три бода предност во однос на второпласираниот Лајпциг и пет бода повеќе од третопласираните Шалке 04 и Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...