Хал е хит на стартот на сезоната, Тарковски го спаси Евертон

Хал Сити е апсолутна сензација по првите две кола од Премиер-лигата откако „тигрите“ со денешната победа на гостински терен против Ковентри имаат максимални шест бода.

Избраниците на хрватскиот тренер Јакировиќ во првото коло го совладаа Манчестер јунајтед, а денеска во дуелот на новите премиерлигаши стигнаа и до првиот гостински триумф сезонава, славејќи со 0-1 со погодокот што од контранапад го постигна Милар.

Борнмут повторно може да жали за деконцентрација во одбраната во финишот откако оваа екипа прими гол во судиското продолжение и мораше да се задоволи само со еден бод против Евертон (1-1).

Скот со прецизен удар од работ на шеснаесетникот ги доведе домаќините во водство од 42. минута, но капитенот Тарковски го спаси Евертон од пораз.

Се вчитува...