Халанд: Дадов два гола против ПСЖ, но можам подобро

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд сигурен е дека може да понуди подобра партија против Пари Сен Жермен во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, иако во првиот меч постигна два гола.

„Дадов два гола, но направив и многу грешки на тој натпревар. Ајде да кажеме дека можам многу подобро“, изјави Халанд. 

Халанд сезонава на 10 натпревари за „милионерите“ постигна 12 гола, а реваншот е вечерва на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Се вчитува...