Халанд донесе одлука за својата иднина?

Ситуацијата околу Ерлинг Халанд можно е веќе да биде решена пред да започне летниот трансфер период. Имено, во Дортмунд прво директорот Михаел Цорк, а потоа и неговиот најблизок соработник, исто така поранешен играч на „Милионерите“, Себастијан Кел, потврдиле дека Норвежанецот се согласил да остане во Борусија и следната сезона.

Халанд ќе одигра уште една сезона, а во следната година ќе се активира неговата клаузула во вредност од 75 милиони евра, па се пресметува дека Борусија нема да изгуби многу пари бидејќи ниту еден од заинтересираните клубови, наспроти изјавите на Рајола, нема да плати 150 милиони за Норвежанецот, плус провизии за агентот и таткото на играчот.

Како посериозни кандидати се споменуваат Реал, Барселона, Сити, Јунајтед и Челси, но шпанските великани немаат пари, па се чини и дека Англичаните не се во ситуација да потрошат толку големи пари на еден играч.

„Го гледам Халанд секој ден, тој ќе остане во Борусија”, оптимист е Кел.

Се шпекулираше дека Дортмунд ќе мора да ја намали цената доколку не влезе во Лигата на шампионите, но тие сигурно нема многу да ги намалат своите апетити, бидејќи не се исплати да се продаде најдобриот играч за сума што не одговара на нејзината вистинска вредност. Ако го задржат уште една година, цената нема да се зголеми затоа што има клаузула, но од друга страна, без него, конкурентските амбиции би биле далеку помали.

Ерлинг Халанд досега постигна 37 гола на 38 натпревари и е најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 10 погодоци.

Се вчитува...