Халанд е феноменален, но рекордер сепак е Мбапе

Ерлинг Халанд постигна осум гола за Салцбург во групната фаза од ЛШ, а извонредната серија ја продолжи и во првиот дуел во дресот на Борусија во елитното европско натпреварување.

Норвешкиот тинејџер со два погодоци донесе триумф над дрим-тимот на ПСЖ од 2-1, со што стана дел од елитното друштво на фудбалери кои во најрана младост стигнале до десет погодоци во Лигата на шампионите.

На Халанд тоа му успеа на возраст од 19 години и шест месеци, веднаш зад рекордерот Килијан Мбапе, кој првите десет гола во ЛШ ги постига пред да наполни 19 години (18 години и 11 месеци). Трет на оваа ранг-листа е Карим Бензема, кој стигна до десет погодоци во ЛШ на возраст од 20 години и 10 месеци.

Се вчитува...