Халанд е „терминатор“: Кимих му тргна брутално, па самиот се повреди

Ерлинг Халанд уште еднаш потврди дека е неверојатно физички моќен, по бруталниот старт на Џошуа Кимих врз него при кој самиот фудбалер на Баерн Минхен заработи тешка повреда.

Халанд тргна во контранапад, а Кимих тргна брутално за да го запре. Норвежанецот не само што успеа да остане на нозе, туку Кимих беше тој што го извлече подебелиот крај во целата ситуација и мораше веднаш да биде заменет.

По првото полувреме резултатот гласи 1-1, Ројс донесе водство на Борусија во 45. минута, а Алаба од слободен удар донесе израмнување во судиското продолжение.

Се вчитува...