Гол машината на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд вчера постигна еден гол за својот тим на гостувањето кај Виљареал во триумфот од 0-2. Со тоа Халанд го израмни рекордот на Кристијано Роналдо, а следниот меч може и да го урне.
Норвежанецот погоди на 12 последователни меча во сите натпреварувања, и така сега е на исто рамниште со легендарниот португалски стрелец.
Халанд постигнуваше голови против Брајтон, потоа против Финска, Молдавија, со Манчестер Јунајтед, против Наполи, Арсенал, Барнли, Монако, Брентфорд, па даде гол за Норвешка на дуелот со Израел, стрелаше против Евертон минатиот викенд, и сега со Виљареал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

