Халанд и Шерки со гол-шоу против Палас

Манчестер Сити во првото коло се мачеше, но затоа вечерва многу полесно стигна до цел плен во втората рунда од Премиер-лигата, славејќи со 1-4 на гостувањето против Кристал Палас.

Се е полесно кога Ерлинг Халанд е во голгетерски ритам, одличен меч на „Селхарст парк“ одигра и Рајан Шерки, па одбраната на Палас немше шанси да спречи пораз.

Дуелот почна со погодок со глава на Халанд по центаршутот на Семењо, а на 0-2 во вториот дел зголеми Шерки со фудбалска магија, откако се најде меѓу четири домашни дефанзивци, но сепак ја затресе мрежата.

Палас за момент намали откако слободниот удар на Пино заврши во гредата, но се одби од голманот Донарума и се врати во мрежата. Примениот гол воопшто не ги поколеба „граѓаните“, следеше нов гол на Шерки, пред конечните 1-4 да ги постави Халанд со својот втор гол на мечот.

Се вчитува...