Фудбалерите на Норвешка славеа против Ирак со 1-4 во деби натпреварот за двете репрезентации како дел од групата И на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико.
Водство за Норвежаните од 0-1 донесе кој ако не друг Ерлинг Халанд со неговиот гол во 29. минута. До изненадувачко изедначување 1-1 Ирачаните стигнаа со погодокот на Хусеин во 39. минута.
По големата грешка на одбраната на Ирак, Халанд со својот втор гол во 43. минута ги врати „викинзите“ во предност 1-2. До крајот на првиот дел арапскиот тим имаше уште две убави шанси, но Норвешка успеа да се одбрани.
Во вториот дел Норвежаните сите дилеми околу победникот ги разрешија со голот на дефанзивецот Остигард (1-3) во 76. минута. Конечните 1-4 беа поставени со автоголот на Хусеин во 96. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
