Халанд како Руни – тинејџер со хет-трик на дебито во ЛШ

Норвешкото чудо од дете, Ерлинг Халанд, има година за паметење. Тој постигна девет погодоци на младинскиот мундијал, при победата од 12-0 над Хондурас, на стартот од сезоната во Австрија постигна 11 гола во првите седум кола, а вечерва блесна и на дебито во Лигата на шампионите, со хет-трик во победата од 6-2 што Салцбург ја забележа над Генк.

Со извонредниот настап тој стана првиот фудбалер по 15 години пауза што на своето деби како тинејџер во ЛШ успеал да постигне хет-трик. Последниот кому тоа му успеало беше Вејн Руни во 2004 година, а пред англискиот ас такво нешто му пошло од рака само уште на Раул со Реал Мадрид во 1995 година.

Нема сомнеж дека Халанд е талент од највисока класа, Салцбург во моментов е идеален клуб за неговиот фудбалски раст, но само прашање на време е кога младиот Норвежанец ќе се пресели во некој од клубовите што важат за европска и светска елита.

Се вчитува...