Халанд ќе стане најплатениот играч во Премиер-лигата со неверојатни 600.000 евра неделно

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, се чини дека одлучи за својата иднина. Многу веројатно е дека „гол-машината“ на Борусија Дортмунд ќе биде нов играч на Манчестер Сити, а „граѓаните“ ќе го направат најплатениот играч во Премиер-лигата.

Според информациите, Халанд доколку потпише за Сити, би требал да заработува неверојатни 600.000 евра неделно. Со оваа сума тој би ги надминал Кристијано Роналдо и Кевин Де Брујне кои заработуваат по 450.000 евра за една седмица.

Халанд на лето би требало да се пресели во Сити за 75 милиони евра, колку што е откупната клаузула во договорот со Борусија Дортмунд. Реал и Барселона исто така го сакаат, но не можат ни од блиску да му ја понудат платата која ќе ја има во Сити.

Халанд со евентуален потпис, би тргнал по стапките на татко му кој беше дел од Сити во минатото.

Се вчитува...