Неверојатна партија имаше Ерлинг Халанд вечерва на „Етихад“ во дуелот во 1/8 финалето во ЛШ против Лајпциг. Норвежанецот даде неверојатни пет гола за само 57 минути, а потоа ја напушти играта во 63. минута.
Халанд во првиот дел даде „хет-трик“ во 22 од пенал, потоа во 24. па во судиското надополнување, а гол серијата ја продолжи во 54. минута и во 57. минута.
Едноставно е незапирлив за играчите на Лајпциг, а на 15 минути пред крајот, Сити има предност од 6-0. Шестиот гол беше дело на Гундоган.
Инаку Халанд стана најмладиот играч кој дојде до бројката 30 голови во ЛШ, надминувајќи го Килијан Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА