Халанд: Не размислувам за ништо друго освен за Борусија

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд не сакаше да зборува за својата иднина, бидејќи истакна дека е среќен во Борусија. Медиумите повторно го селат Халанд во бројни европски гиганти, но младиот голгетер јасно стави до знаење дека не планира наскоро да ги менува клупските бои.

Тој во 2022 година ќе има клаузула за заминување од Дортмунд во висина од 75 милиони евра, но во моментов е максимално фокусиран на настапите за „милионерите“.

“Мојата иднина? Среќен сум во Борусија. Имав одлична година со тренерот Фавр, сакам да му се заблагодарам за сè што стори за мене“, изјави младиот Норвежанец.

Халанд проговорил и за својот агент, упатувајќи пофални зборови кон Мина Рајола.

„Мино е најдобриот агент на светот. Тој многу ми помогна. Сакам да продолжам да работам со него “, рече Елинг.

Норвешкиот суперталент пристигна во Дортмунд во јануари годинава од редовите на Салцбург. Оттогаш, тој постигна 33 голови во дресот на германскиот клуб и запиша шест асистенции.

Се вчитува...