Халанд поради повреда ги пропушта Шпанија и Грузија

Ерлинг Холанд го напушти таборот на норвешката репрезентација и се врати во својот клуб Манчестер Сити. Младиот напаѓач со нетрпение го очекуваше почетокот на квалификациите за ЕП 2024, во кои неговата земја ги игра првите два натпревари против Шпанија и Грузија, но лекарскиот тим оцени дека тој не смее да ризикува да игра.

Се испостави дека повредата на препоните е посериозна отколку што првично изгледаше, па во договор со клубот реши да го напушти тренинг кампот на норвешката репрезентација и да се врати во Манчестер, каде ќе ја искористи паузата во лигата за опоравување.

Халанд е во неверојатна форма, оваа сезона за „граѓаните“ постигна дури 42 гола во сите натпреварувања. Се надеваше дека ќе ја продолжи добрата форма во репрезентацијата, но овојпат беше спречен.

„Ерлинг тешко го прифати тоа што нема да биде со тимот. За среќа, во овој тим има уште многу самодоверба, талент и сплотеност, што ќе ни помогне да освоиме бодови“, изјави селекторот на Норвешка, Столе Солбакен.

Се вчитува...