Ливерпул вчера тотално го надигра Манчестер сити победувајќи со 3-1 за трофеј во Комјунити шилд.
Како еден од моментите кои се издвоија од дуелот е и лошата игра на големото засилување за „граѓаните“, Ерлинг Халанд.
Норвежанецот пристигна како големо засилување во Сити, меѓутоа против Ливерпул промаши неколку добри можности, што предизвика и потсмев и критика во фудбалскиот свет…
Yikes @ErlingHaaland pic.twitter.com/WOTfpASCF9
— Watch LFC (@Watch_LFC) July 30, 2022
Сепак, легендата на Ливерпул, Џејми Карагер веднаш застана во негова одбрана „поздравувајќи“ ги кловновите кои ги прават сите мемиња, компилации со шеги на сметка на Халанд.
„Компилации со шеги за Халанд ќе има насекаде оваа недела по тоа промашување, исто како што беа за Нуњез минатата недела. Од кловнови кои никогаш не шутнале топка во нивните животи“ – напиша Џејми на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА