Таткото на Ерлинг Халанд е бесен откако Англија ја елиминираше Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство.
Фудбалската репрезентација на Англија се квалификуваше за полуфиналето на Светското првенство откако ја победи Норвешка со 2-1 по продолженијата во четвртфиналето во Мајами.
Натпреварот беше обележан со две контроверзни одлуки. Првата е израмнувачки гол за Англија, кој се чини дека дојде откако топката удри во кабелот на камерата. Францускиот судија Клемент Турпин и ВАР не реагираа. Последователно, ФИФА објави дека „нема докази“ за ова. Втората е поништен гол на Норвешка за 2-1.
Таткото на Ерлинг Халанд, Алф Инге Халанд, го изрази своето негодување по испаѓањето на Норвешка.
„Ве спаси судијата. Се надевам дека ќе го освоите СП, но чувствувам дека бевме ограбени против вас“, напиша Халанд сениор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
