Халанд шоу: Го посрамоти новиот стопер на Баерн Минхен и стрелаше за Дормунд (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд ги надмина сите проблеми и влезе во топ форма на крајот на сезоната, а истата ја круниса и со титула во Купот на Германија откако вчеравечер славеше со 4-1 над Лајпциг со по двата гола на Халанд и Санчо.

Првиот гол на норвешкиот напаѓач беше вистинска мајсторија кога во 27. минута на 30 метра од голот младиот фудбалер доби топка и веќе на првиот чекор го остави чуварот зад себе. Него го испрати Дајо Упамекано, но и фудбалерот кој од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен наседна на финтата на Халанд и експресно падна на теренот со што му овозможи на младиот играч лесно да постигне гол.

Се вчитува...