Халеп за „сапуницата Ѓоковиќ“ – Едноставно не ни беше тоа потребно

Поранешната прва тенисерка во светот, Симона Халеп по враќањето во Романија говореше и за целата ситуација со Новак Ѓоковиќ и неговата депортација од Австралија. По две недели „сапуница“ Србинот на крајот беше депортиран и не доби право да игра на првиот гранд-слем турнир во годината.

Халеп смета дека треба да се почитуваат здравствени работници и дека целата ситуација му била непотребна на тенисот.

„Мислам дека целата ситуација не му беше потребна на тенисот. Јас не сакав да се мешам во целата ситуација. Играв на турнирот, но воопшто не ми се допадна тоа што се случуваше. Вакцинирана сум и имам предност и сметам дека кога постојат правила и кога луѓето што се стручни велат дека мора така, тогаш мора да се почитуваат правилата и јас ги слушам што велат“, изјави Халеп. 

 

Се вчитува...