Хамес ќе избира меѓу два клуба: Јувентус или Манчестер јунајтед?

Хамес Родригез без сомнение на крајот од сезоната заминува од Реал Мадрид. Интерес за неговите услуги има веќе од неколку клубови од Европа, но последните информации говорат дека неговиот агент Жорге Мендеш веќе има два клуба меѓу кои ќе се избира.

Мендеш почна преговори со Јувентус и Манчестер јунајтед, но истите се моментално прекинати поради пандемијата од коронавирусот.

Од Реал Мадрид инсистираат Родригез да оди во Манчестер јунајтед како би можеле да го вклучат како дел од евентуалниот трансфер на Пол Погба.

Се вчитува...