Хамес Родригез сака да се врати во Реал Мадрид

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез на крајот од сезоната ќе замине од „Алијанц арена“, откако Баерн Минхен одлучи да не го откупи неговиот договор. Желбата на играчот за врска е да се врати во Реал Мадрид, клубот со кој има актуелна соработка, а како позајмен фудбалер играше за германскиот првак.

„Во Мадрид имам се. Имам куќа и луѓе што ме сакаат и почитуваат. Ќе видиме што ќе се случи, до крајот на сезоната сум фудбалер на Баерн Минхен. Сакам да ја завршам сезоната на најдобар можен начин. Се уште сум во одлични односи со голем број од фудбалерите на Реал Мадрид“, изјави Хамес Родригез.

 

 

Се вчитува...