Хамес Родригез со ултиматум до управата на Баерн

Колумбискиот фудбалер, Хамес Родригез поставил ултиматум пред управата на Баерн Минхен да се одлучат дали ќе го задржат него или тренерот Нико Ковач.

Според  „Билд“, Родригез е незадоволен од третманот и од минутажата кај хрватскиот стручњак. Тие неодамна имале вербална расправа и Родригез најави дека размислува за заминување од Минхен.

Хамес Родригез ја игра втората сезона во Баерн каде дојде на позајмица од Реал Мадрид. Германскиот великан има птраво да го откупи неговиот договор од Реал за 35 милиони евра, но се поизвесно е дека тоа нема да биде реализирано

Постои можност Родригез уште зимава да го напушти Баерн бидејќи веќе има интерес за негов ангажман од Јувентус и од неколку англиски премиерлигаши.

Во текот на кариерата, Хамес Родригез играше и за Порто, Монако, Банфилд и Енвигадо.

Се вчитува...