Хамес Родригез е еден од оние играчи кои би посакале да имаат „обратна кариера“. Колубиецот кој во 2014 година од Монако премина во редовите на Реал Мадрид потоа го носеше и дресот на Баерн Минхен, а откако беше одбиен за продолжување на соработката со Евертон замина во Катар.
На Бисликиот исток настапува за тимот на Ал Рајан, а во последниот натпревар за својот тим приреди вистинско шоу на теренот откако доби жолт картон и сакаше да се пресмета со судијата притоа туркајќи ги соиграчите кои се обидуваа да го смират. За ваквиот потег Колубиецот доби и втор жолт картон па предвремено го напушти теренот.
La expulsión de James Rodríguez. Se enojó tras recibir una fuerte falta. pic.twitter.com/AGRWFnVsAs
— Juan Diego Osorio Villate (@juandiosorio7) October 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА